24фудбал

Адеми остана без трофеј во купот на Хрватска, Ријека го шокираше Динамо Загреб!

Аријан Адеми и Динамо Загреб беа поразени во финалето од Купот на Хрватска од Ријека со 3-1.

Останато

Ријека направи изненадување во Купот на Хрватска, откако го совлада Динамо Загреб во финалето и го освои трофејот.

Ријека поведе уште во 13. минута со гол на Чолак, а до крајот на првиот дел зголеми и на 2-0 преку Халиловиќ.

Во вториот дел Динамо Загреб се врати во игра откако Орсиќ го намали резултатот на 2-1, а десет минути подоцна фаворитот пропушти голема шанса да израмни, Олмо промаши пенал.

Казната дојде во 84. минута кога Кврзиќ даде гол за 3-1 и го реши победникот во купот.