24фудбал

Да се знае кој е газда: Без да го праша Тухел, Нејмар не се појави на тренинг и му ја летна за Бразил

Нејмар не се појави на денешниот тренинг на ПСЖ кој воедно е и последен оваа сезона, напаѓачот без да добие дозвола од Томас Тухел летнал за родниот Бразил.

Франција

Откако потпиша за „светците“ за рекордни 222 милиони евра, медиумите често пишуваа за тоа дека Нејмар има привилегии како што нема ниту еден друг фудбалер на ПСЖ.

Дека Нејмар е голема ѕвезда и може да прави што сака потврдуваат и денешните случувања во редовите на шампионот на Франција. ПСЖ го одработи последниот тренинг оваа сезона, а напаѓачот реши да не се појави и покрај тоа што не бил ослободен од страна на Томас Тухел .

Како што пренесуваат медиумите, тренерот на средбата со новинарите бил прилично лут поради ваквиот потег и само кратко порачал: „Дозола од мене не добил, можеби од некој друг“.

„Ла Паризиен“ подоцна пренесе дека Нејмар летнал за родниот Бразил, каде следната недела треба да се приклучи на кампот на „кариоките“ и подготовките за Копа Америка.

Напаѓачот можеби и онака не е во комбинација за утрешниот дуел со Ремс во Лиг 1 и нема што повеќе да бара во Париз оваа сеона, но со тоа што го заобиколил Томас Тухел очигледно сака да покаже кој е газда во ПСЖ во лето во кое сигурно ќе има многу шпекулации за неговата иднина.