24фудбал

Дибала на прашањето за трансфер во Интер вели: Од почит кон овој дрес и фановите на Јувентус не зборувам за други клубови

Пауло Дибала го дементираше својот брат и вели дека неговата желба е да остане во Јувентус, но додава дека последниот збор ќе го има клубот и новиот тренер.

Италија

Изминатиот период често се говореше за заминување на Аргентинецот, наводно Пауло Дибала не се вклопувал во тактичките замисли на Макс Алегри. Дури и се говореше за можен трансфер во Интер, како дел од зделката со која Мауро Икарди би завршил во Торино.

Неговиот брат неодамна откри дека напаѓачот не е среќен од ситуацијата во Јувентус и размислува за заминување, но самиот Пауло Дибала го негираше ова.

„Мојот брат го кажа неговото мислење, управата го знае мојот став. Разговарав со спортскиот директор Фабио Паратичи и тој знае што мислам, знае дека сакам да останам во Јувентус“ – вели Аргентинецот.

„Секако дека ова не зависи само од мене, клубот ќе донесе одлука во зависност од тоа какви ќе бидат идеите на новиот тренер, но моја желба е да продолжам во Јувентус. Не знам кој ќе биде новиот тренер, се надевам дека ќе дојде големо име кое ќе ни помогне да освоиме се“.

Запрашан конкретно дали може да заврши во Интер, Дибала вели: „Имам голема почит кон овој дрес и фановите на Јувентус, па нема да зборувам за други клубови“.