24фудбал

Де Лихт е многу блиску до трансфер во Манчестер јунајтед!

Шпански медиуми тврдат дека сега Матијс Де Лихт е многу поблиску до трансфер во Манчестер јунајтед отколку во Барселона.

Англија

Се веруваше дека капитенот на Ајакс, Матијс Де Лихт ќе потпише за Барселона, но како одминува времето се погласни се шпекулациите дека Манчестер јунајтед ќе го добие неговиот потпис.

Веќе излегоа гласините дека Јунајтед е многу сериозен во намерата да го ангажира Де Лихт, а сега каталонското радио „РАК1“ вели дека Де Лихт е многу блиску до Манчестер јунајтед бидејќи тие доставиле понуда која е премногу добра за да се одбие.

Нивниот добро познат новинар Жерард Ромеро исто така твитна велејќи: „Де Лихт е многу блиску до Јунајтед! Не е дефинитивно но имаат многу добра понуда за фудбалерот“.

Ако ова е точна информација од каталонското радио, навивачите на Манчестер јунајтед треба да се радуваат бидејќи Де Лихт со само 19 години важи за еден од најдобрите централни дефанзивци во моментов.

Но, некои сметаат дека ваквата информација можеби е само игра на Мино Рајола да направи притисок врз Барселона и да добие подобар договор за неговиот клиент и поголема провизија за себе.