24фудбал

Ковач не им чинел и го бркаа од Баерн, Хрватот вечерва испиша историја и забележа постигнување како никој друг! (ФОТО)

Столчето на Нико Ковач на Алианц Арена се тресеше пред неколку месеци, но Хрватот вечерва се радува на голем успех и стана првиот кој стигнал до двојната титула во Германија и како играч и како тренер.

Германија

До сега, Томас Шаф беше единствениот кој триумфирал во Купот на Германија и како играч и како тренер (со Вердер Бремен). Но од вечерва, има уште едно име – Нико Ковач.

Хрватот сепак оди подалеку и стана првиот кој стигнал до двојната титула во Германија и како играч и како тренер.

А само пред неколку месеци се говореше дека тој не чини и го бркаа од кормилото на „баварците“.