24фудбал

Меси постави нов рекорд во Копа дел Реј, ама џабе му е

Лео Меси вечерва погоди против Валенсија и испиша нов рекорд во Копа дел Реј но веројатно тоа не му значи многу откако Барселона остана без уште еден трофеј во година која ветуваше.

Шпанија

Барселона до пред две недели сонуваше за тројна титула, но сезоната ја завршија само со насловот шампион на Шпанија.

По срамната елиминација во Лигата на шампионите и поразот од 4-0 кај Ливерпул, „каталонците“ вечерва беа надиграни од Валенсија во финалето од Копа дел Реј.

Меси испиша нова историја и постави нов рекорд откако постигна гол и стана првиот играч кој стрелал на шест финалиња во купот, но веројатно не му значи многу ова откако остана без уште еден трофеј во година која ветуваше многу.