24фудбал

Валверде почна да ги прифаќа поразите како ништо да не се случило: Се чувствувам добро

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде вели дека се чувствува добро по новиот неуспех на неговиот тим, поразот во финалето од Купот на Шпанија од Валенсија.

Шпанија

Барселона синоќа им приреди ново разочарување на фановите откако не го освои трофејот во Купот на Шпанија и не дојде до двојна круна. Загуби од Валенсија со 2-1.

Многумина прстот го вперуваат во Валверде и во него ја бараат вината за неуспехот во Лигата на шампионите и Купот на Шпанија. Но тој ја доби поддршката на Бартомеу кој вината ја бара во фудбалерите, а не во тренерот.

Изјавата на Валверде по вчерашниот пораз, делува како на тренерот веќе да се навикнал на порази. Нешто што дополнително ќе ги изнервира фановите на Барселона.

„Се чувствувам добро. Кога победувате јасно е дека се чувствувате многу подобро, многу посреќно, но ова е поинакво чувство од тоа во Ливерпул, иако изгубивме повторно“, вели Валверде.

„Не успеавме да ги исполниме очекувањата кои ги креиравме во текот на сезоната. Пред еден месец ја славевме титулата во Ла Лига и размислувавме за тројна круна, но не успеавме“.

„Но добар сум, добар сум... Кога тренерите губат, секогаш велиме дека треба да повлечеме потези и да ги свртиме работите. Нема сомнение за тоа. Знам дека тешко е кога се губи. Но треба да го прифатиме тоа“.

Фановите на Барселона ја бараат „главата“ на Валверде, тој јавно ја има поддршката од раководството на клубот, но дали тие зад камерите размислуваат за тренерска промена, времето ќе покаже.