24фудбал

Јувентус му ги ремети плановите на Реал, на Манчестер јунајтед му нуди двајца играчи и мега трампа за Погба

„Старата дама“ има план како да му ги поремети плановите на Реал Мадрид и да избие во пол позиција во трката за Пол Погба, на Манчестер јунајтед ќе му ги понуди Пауло Дибала и Алекс Сандро во замена за Французинот.

Англија

Се говори дека Пол Погба е една од желбите на Зинедин Зидан за реконструкција на Реал Мадрид и се најавува дека фудбалерот од средниот ред летоска ќе се пресели на Бернабеу.

Според пишувањата на „Дејли Експрес“, Јувентус може да им ги поремети плановите на „кралевите“ и има адут во ракавот со кој може да избие во пол позиција во трката за Французинот.

Весникот вели дека „Старата дама“ сака да го искористи интересот на Манчестер јунајтед за Пауло Дибала и Алекс Сандро и да предложи мега трампа во која Аргентинецот и Бразилецот ќе се преселат на Олд Трафорд во замена за Пол Погба.