24фудбал

Милнер откри какви навреди добил од Меси и вели: Не му се лутам, заслужува да кажаува што сака!

Фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер открива дека имал мала расправија со Лео Меси на првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите и бил наречен „магаре“ од страна на Аргентинецот.

Лига на Шампиони

На мечот на Камп Ноу, Џејмс Милнер имаше задача да го чува Лео Меси. Англичанецот добро си ја заврши работата во првото полувреме, но во вториот дел Аргентинецот блесна и постигна два гола.

Во разговор со „Дејли Мејл“, сестраниот фудбалер на Ливерпул сега откри дека имал мала расправија со ѕвездата на Барселона. Причина за ова бил цврстиот и непотребен стартот без топка кој го имаше Милнер крај аут-линијата.

„Не беше среќен. Ми кажа многу работи на шпански кога одевме кон тунелот на полувремето. Ме нарекуваше „буро“. Во превод значи магаре, но мислам дека во шпанскиот фудбал се користи и како термин за играч кој трча наоколу и ги удира противниците“ - вели Милнер.

„Го прашав дали е се во ред, а тој не престана да зборува. Мислам дека не беше свесен дека можам да разберам што кажува на шпански. Ми рече „Прекршокот што ми го направи, ми се осветуваш бидејќи ти ја протнав топката низ нозе“. Го оставив да си каже што мисли и заминав во соблекувална. Видете, за него имам само восхит и мислам дека го заслужи правото да кажува што сака“.

Во 2015, кога Барса играше против Манчестер Сити, Лео Меси му ја протна топката на Милнер низ нозе, видео кое брзо стана хит на социјалните мрежи.

„Работите кои ги правеше на тој натпревар, работите кои ги прави во текот на целата кариера, тешко се игра против него. Доколку се обидувате да го сопрете, не смеете да се плашите дека ќе напрви будала од вас. Ми се има случено тоа и на мене. Ми ја има протнато топката низ нозе, видеото имаше преку еден милион прегледи. Не му беше прв пат да направи нешто такво и нема да му биде последен. Тој е неверојатен играч“.