24фудбал

Елмас со убав гол ја заврши сезоната во Турција (ВИДЕО)

Фенербахче со 3-1 ја победи победи Анталијаспор во последното коло од турското првенство, еден од погодоците беше дело на Елиф Елмас.

Македонија

При резултат 1-1, Елмас во 69. минута најпрво покажа голема борбеност и украде една топка, а потоа од акцијата која тој ја почна даде убав гол за водство на Фенер од 2-1.

На крајот славеа со 3-1 и сезоната за заборав ја завршија на шестото место на табелата.