24фудбал

Плановите на Арсенал за поддршка до Мхитарјан во Баку, блокирани од строгите правила на УЕФА

Во среда се игра големото финале од овосезонската Лига Европа, каде битката за трофејот ќе се води помеѓу Арсенал и Челси, а неиграњето на Ерменецот е доста дискутирана тема изминатиов период, особено поради причините за тоа.

Лига Европа

Фудбалерите на Арсенал планирале јавно да искажат поддршка до нивниот соиграч Хенрих Мхитарјан во финалето од Лига Европа, меѓутоа нивните планови се чини дека нема да добијат реализација поради строгите правила на УЕФА, пишува „Дејли Мејл“.

На Островот се најавуваше такво нешто, па дури и самите фудбалери изразуваа желба да искажат поддршка до Ерменецот кој нема да биде во комбинација за настап во Баку, Азербејџан, поради безбедносни причини.

Во Арсенал помеѓу фудбалерите се дискутирало за тоа да се носат маици со името на Ерменецот во позадина во текот на загревањето, меѓутоа јасно е дека Премиерлигашот би се соочил со ригорозна санкција при еден таков евентуален потег.

Изгледот на маиците кои се носат на загревањето, како и маиците кои клубот-победник ги носи по крајот на пресметката за време на прославата, се предмет кој се одобрува од владеачкото тело во куќата на европскиот фудбал.

Од Арсенал сигурно стравуваат околу тоа да објавуваат соопштенија за Мхитарјан во Баку, каед постојат големи политички тензии со Ерменија, речиси сигурно е дека Премиерлигашот ќе се воздржи по тоа прашање за да избегне суспензија или друга санкција, па така 30 годишниот фудбалер од средниот ред, овој меч ќе го проследи од својот дом.