24фудбал

На Нејмар му ја земаа капитенската лента во бразилската репрезентација

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар нема да биде капитен на Бразил на Копа Америка.

Јужна Америка

Бразилската репрезентација ги почна подготовките за престојниот турнир Копа Америка.

Од Бразилската фудбалска федерација стигнаа соопштение дека Нејмар нема да биде капитен, лентата ќе ја носи Дани Алвеш.

„Дани Алвеш ќе биде капитен на бразилскиот национален тим на пријателските мечеви против Катар и Хондурас и Копа Америка. За одлуката Тите разговараше со Нејмар во саботата“, се вели во соопштението на федерацијата.

Тите пред неколку месеци го назначи Нејмар за перманентен капитен на Бразил, но под притисок на јавноста реши да му ја земе капитенската лента.