24фудбал

Официјално: Вилаш Боаш е нов тренер на Марсеј

Андре Вилаш Боаш е назначен за нов тренер на Марсеј, португалскиот стратег се враќа во Европа по неславната авантура во Кина.

Франција

Последна работа на Андре Вилаш Боаш беше во кинескиот тим Шангај СИПГ кого го напушти во ноември 2017 година и отогаш беше без работа.

Сега се враќа на работата и доаѓа на местото на Руди Гарсија како нов тренер на Марсеј.

„Нашата нова ера започнува. Андре Вилаш Боаш е нашиот нов тренер“, објави Марсеј.