24фудбал

Тензија на тренингот на Челси: Давид Луиз и Игуаин се скараа, Сари лут го напушти теренот! (ВИДЕО)

Последниот тренинг на Челси пред утрешното финале против Арсенал од Лига Европа покажа дека атмосферата во таборот на сините не е најдобра, напротив Маурицио Сари беше лут на своите играчи кои имаа меѓусебен инцидент.

Лига Европа

Тензија на тренингот на Челси на стадионот во Баку каде утре го играат финалето од Лига Европа против Арсенал. Во главна улога беа Гонзало Игуаин и Давид Луиз.

Двајцата играчи на Челси влегле во вербална пресметка за време на тренингот. А Сари лут на неговите фудбалери предвреме го напуштил тренингот, на патот кон соблекувалната тој ја фрлаше и ја шутираше својата капа.