24фудбал

Челси откри зошто Сари бил лут на тренингот, не е поради Игуаин и Давид Луиз

Тренингот на Челси на стадионот во Баку каде утре се игра финалето од Лига Европа, не помина во најдобра атмосфера, Маурицио Сари беше бесен и ја шутираше својата капа од лутина.

Лига Европа

На последниот тренинг пред утрешниот меч меѓу Челси и Арсенал, сините имаа проблеми. Во текот на тренингот Давид Луиз и Гонзало Игуиан имаа вербална расправија, па многумина помислија дека Сари лут го напушти тренингот поради тоа.

Стратегот на Челси предвреме отиде во соблекувалната, а по пат накај неа, ја фрлаше и ја шутираше својата капа.

Челси откри дека Сари бил лут затоа што тренингот не бил од затворен карактер, туку на новинарските екипи им било дозволено да останат до крај. Практика на натпреварите на УЕФА е новинарите да имаат пристап на теренот во првите 15 минути, а потоа да си заминат со цел тимот кој тренира да може во тајност да ја крои тактиката и да пробува варијанти кои би ги искористил на натпреварот.

Ваквата практика не била случај и во Баку, по што Сари оправдано збеснал.

„Фрустрацијата на Маурицио Сари на крајот на тренингот не беше поврзана со ниту еден негов фудбалер, туку поради тоа што целиот тренинг остана отворен за медиумите“, изјави портпаролот на Челси.