24фудбал

Еве ја причината за расправијата, Давид Луиз намерно му удри лакт на Игуаин! (ВИДЕО)

На вчерашниот, последен тренинг на Челси пред денешното финале од Лига Европа против Арсенал, имаше тензија, во главна улога беа Давид Луиз и Гонзало Игуаин.

Лига Европа

Атмосферата на последниот тренинг на Челси не беше пријатна, имаше расправија помеѓу Давид Луиз и Игуаин, а и Маурицио Сари беше лут.

Од видеото се гледа дека Давид Луиз намерно му удри лакт на Гонзало Игуаин, потоа имаше вербална расправија меѓу двајцата од која може да се заклучи дека и претходно се случувало нешто меѓу нив. Лактот на дефанзивецот веројатно е последица на нешто претходно.