24фудбал

Го викнаа да помага а тој ја понижи првата ѕвезда на Бразил и му ја протна топката низ нозе на Нејмар (ВИДЕО)

Нејмар беше понижен на синоќешниот тренинг на Бразил, младиот Вевертон му ја протна топката низ нозе, па напаѓачот го фати својот колега за маркерот и го сруши на земја.

Јужна Америка

Обично Нејмар е тој кој си поигрува со своите противници, но сега напаѓачот беше жртва на својот репертоар. На вчерашниот тренинг на Бразил, младиот Вевертон му ја протна топката низ нозе.

На ѕвездата на ПСЖ не му се допадна ова, па го фати 19 годишниот десен бек на Крузеиро за маркерот и го сруши на земја.

Вевертон е дел од неколкути играчи од У20 репрезентацијата на Бразил кој добија повик од Тите да се стекнат со искуство и да им помогнат на сениорите во подготовките за Копа Америка со оглед на тоа дека недостасуваат доста имиња на стартот од тренинг кампот.