24фудбал

Финалето во Баку со големо внимание ќе се следи во Лион, сите ќе навиваат за Лаказет и Арсенал да загубат!

Александре Лаказет е поранешен играч на Лион и рекордна продажба на популарните „деца“, но вечерва нема да има љубов помеѓу двете страни.

Лига Европа

Арсенал и Челси вечерва ќе се борат за трофејот од Лига Европа, а финалето во Баку со големо внимание ќе се следи во Лион.

Клубот од Франција има свој фаворит и ќе навива за Челси. И покрај тоа што во Арсенал игра нивниот поранешен играч Александре Лаказет, кој е рекордна продажба на „популарните“ деца, Лион ќе сака напаѓачот и „топчиите“ да загубат.

Причина за ова е место во Лигата на шампионите за следната сезона. Лион заврши како трет на табелата а тоа значи настап во квалификациите и почеток на сезоната на крајот на јули.

Но доколку Челси вечерва победи, местото во ЛШ кое е резервирана за освојувачот на најмасовното европско натпреварување нема да биде доделено, па Лион ќе обезбеди директен пласман во групната фаза. Тоа значи помирно лето и загарантирани десетици милиони евра.

Во случај Арсенал да го победи градскиот ривал, „топчиите“ ќе изборат место во групната фаза од Лигата на шампионите, а Лион ќе треба да игра две квалификациски кола.