24фудбал

Дени Илиев на клупата на Арсенал во Баку

Македонскиот голман, Дени Илиев во последен момент влета на клупата во тимот на Арсенал за финалниот натпревар од Лига Европа против Челси.

Лига Европа

Дени Илиев ќе биде дел од тимот на Арсенал на вечерашното финале против Челси, Македонецот ќе биде на клупата за резервни играчи.

За финалниот натпревар УЕФА им дозволи на Челси и Арсенал да имаат по 23 играчи, тоа значи Сари и Емери да имаат дури по 12 опции на клупата.

Илиев првично не беше на списокот, но во последен момент влезе на местото од Ксавиер Амаечи. Тој ќе биде трет голман во тимот.