24фудбал

Блесок на Челси, за неколку минути му даде три гола на Арсенал! (ВИДЕО)

Фуриозен старт на Челси во второто полувреме, само десет минути откако Жиру даде гол, Педро го зголеми водството на 2-0, а брзо потоа Азар погоди од пенал за 3-0.

Лига Европа

Во 60. минута Челси поведе со 2-0, Азар асистираше до Педро кој ја затресе мрежата на Петр Чех и донесе убава предност за својот тим.

Само пет минути подоцна беше досуден пенал за Челси по фаул врз Жиру, Азар беше сигурен реализатор на ударот од белата точка за водство од 3-0.