24фудбал

Азар веднаш по освоениот трофеј проговори за својата иднина (ВИДЕО)

Ѕвездата на Челси веднаш по освоениот трофеј во Лига Европа изјави дека веројатно заминува од Премиерлигата.

Англија

Азар вечерва со два гола и една асистенција даде голем допринос во победата на Челси над Арсенал и на најдобар можен начин, со голем трофеј заминува од клубот.

„Да, мислам дека ова е збогум, но во фудбалот никогаш не се знае. Мојата желба беше да играм во Премиерлигата, го правев тоа седум години во еден од најдобрите клубови во светот, па можеби сега е време за нов предизвик“, изјави Азар по мечот.