24фудбал

Жиру: Овие два клуба го променија мојот живот, не сакав да славам против Арсенал, но...

Оливие Жиру е горд на освоениот трофеј со Челси, иако не му е сеедно што во финалето го победил Арсенал.

Англија

Еден од главните играчи во финалето од Лига Европа беше Оливие Жиру, напаѓачот на Челси кој претходно играше за Арсенал.

Жиру постигна еден гол, имаше една асистенција и врз него беше направен пенал.

„Бевме подобри, поефикасни и победивме. Горд сум на овој тим, заслужи да освои трофеј. Ова е мој втор трофеј за две години. Овие два клуба го променија мојот живот, ми овозможија да играм во Премиерлигата. Не сакав да славам против Арсенал, но горд сум што го освоив овој трофеј со Челси. Кога и да играм го давам максимумот и се обидувам да бидам најдобар што можам. Завршивме во топ 4, втората цел беше да го освоиме трофејот во Лига Европа, го направивме и тоа. Се чувствувам одлично“, изјави Жиру.