24фудбал

По Азар и Сари се огласи за својата иднина: Треба да разговарам со сопственикот и директорите, но добро знаете дека ја обожавам Премиерлигата!

Тренерот на Челси, Маруцио Сари вели дека ја обожава Премиерлигата и заслужува да остане на кормилото на „сините“ но последен збор ќе го има Роман Абрамович и неговите соработници.

Останато

Изминативе месеци често се пишуваше дека Челси ќе се раздели со Маурицио Сари, а откако Макс Алегри го напушти Јувентус, Италијанецот беше посочен како прва желба на „Старата дама“.

По триумфот во Лига Европа, Маурицио Сари ја прокоментира својата иднина, вели дека ја обожава Премиерлигата и мисли дека заслужува да остане на Стемфорд Бриџ но последниот збор ќе го има Роман Абрамович и неговите соработници.

„Сезоната заврши пред еден час. Утре ќе разговарам со сосптвеникот, со директорите и ќе видиме што понатаму. Сакам да знам што клубот ќе може да направи за мене, и што јас можам да направам за клубот. Имам договор со Челси и во моментов зборуваме напразно“ – вели Италијанецот.

„Добро знаете дека ја обожавам Премиерлигата, имам среќа што сум во клуб како Челси, еден од најдобрите во светот, во едно од најдобрите првенства. Среќен сум, но сакам да знам дали и клубот е среќен со мене“.

„По крајот на секоја сезона се разговара со сопственикот и директорите, тоа е нормално“.

„Мислам дека заслужив да останам, но ова е само мое мислење. Моето мислење не е доволно“.