24фудбал

Кој не сака фотка со Меси? Цела репрезентација на Аргентина еден по еден се редеа да се сликаат со идолот (ВИДЕО)

На денешниот тренинг на „Гаучосите“ дел беа и фудбалерите од У17 репрезентацијата, кои оваа прилика ја искористија за да се сликаат со својот идол Лео Меси.

Јужна Америка

Аргентина веќе трет ден се подготвува за Копа Америка а гости на денешниот тренинг беа младите „гаучоси“, односно репрезентативците до 17 години.

Ова убаво искуство веројатно тие долго ќе го паметат, особено приликата да бидат покрај најдобриот фудбалер на денешницата, Лео Меси.

Фудбалерот на Барселона дополнително им го разубави денот на младите фудбалери откако по крајот на тренингот позираше со нив пред фотоапаратот. Тинејџерите еден по еден се реадеа крај Лео Меси и со насмевка на лицето си дофрлаа нешто.