24фудбал

Нејмар се врати на тренинзите, ама не и младинецот кој му ја протна топката низ нозе

Откако два дена одмараше поради болки во коленото, Нејмар денеска тренирал нормално со преостанатиот дел од тимот, кампот на Бразил го напушти Вевертон, кој во вторникот ја посрамоти 10-та на „кариоките“.

Јужна Америка

Бразил продолжува со подготовките за Копа Америка а добра вест е тоа што Нејмар повторно се вратил на тренинг. Напаѓачот во вторникот се пожали на болки во коленото, и одмараше во средата и четвртокот, но не се работи за ништо сериозно и тој ќе биде во комбинација за контролката со Катар следната недела.

Тите денеска можеше да смета и на напаѓачот на Гермио, Евертон, но се уште се чека на пристигнувањето на Роберто Фирмино и Алисон, кои играат финале од ЛШ со Ливерпул како и дуото на Коринтијанс, Фагнер и Касио.

Тренинг кампот го напуштија неколку младинци кои беа повикани на помош, а помеѓу оние кои заминаа беше и Вевертон, кој во вторникот го понижи Нејмар и му ја протна топката низ нозе.