24фудбал

Мане откри дека бил пред потпис со „ѓаволите“ но го „откачил“ Манчестер јунајтед по еден телефонски повик

Садио Мане во 2016 го напушти Саутемптон, сите големи клубови од Англија сакаа да го ангажираат а тој на крајот заврши во Ливерпул откако лично му се јавил Јирген Клоп.

Англија

Луј ван Гал сакаше да го ангажира Садио Мане уште во август 2015, но Саутемптон одби да го продаде играчот и го натере да остане барем уште една сезона.

Следното лето „ѓаволите“ одново пројавија интерес, но Сенегалецот на крајот заврши во Ливерпул во трансфер вреден околу 34 милиони фунти.

„Да, точно е дека преговарав со Манчестер јунајтед. Бев навистина блиску до потпис со нив. Разговарав и со тренерот кој претходно беше таму (Ван Гал). Доставија понуда, но истата таа недела ми се јави Клоп. Ми рече, „Мислам дека ова е правиот клуб за тебе, правиот тренер, подобро ќе биде за тебе да се преселиш во Ливерпул“. Коцките некако се поклопија па си реков, одам во Ливерпул“ – открива Садио Мане во разговор со Мирор.

Фудбалерот одлично се снајде на Енфилд и со одличните партии дури го привлече вниманието на Зинедин Зидан и Реал Мадрид, но тој неодамна порача дека не е заинтересиран за заминување од Ливерпул.