24фудбал

Финалето од Лигата на шампионите ќе започне со минута молк во чест на Хосе Антонио Рејес

Европската куќа на фудбалот соопшти дека Ливерпул и Тотнем вечерва ќе му оддадат чест на трагично починатиот Хосе Антонио Рејес, финалето од Лигата на шампионите ќе започне со минута молк.

Лига на Шампиони

Фудбалска Шпанија утрово беше потресена од веста за смртта на Хосе Антонио Рејес. Поранешниот фудбалер на Севиља, Арсенал, Реал, Атлетико, Бенфика, Еспањол и уште неколку клубови, трагично починал во сообраќајна несреќа на 35 години

Па во чест на Шпанецот, кој пет пати го има освоено трофејот од Лига Европа/Куп на УЕФА, европската куќа на фудбалот реши финалето од Лигата на шампионите да започне со минута молк.

„УЕФА и европскиот фудбал се погодени од страшните вести дека Хосе Антонио Рејес починал денеска и сакаме да изразиме искрено сочувство до неговото семејство и неговите сакани“ – рече првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

„Тој имаше гламурозна кариера и освои голем број на трофеи со клубовите во кои настапуваше. Јас сум шокиран и растажен поради тоа што неговиот живот трагично заврши“.