24фудбал

Клоп го скрши малерот, Ливерпул со контроверзен пенал до триумф во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Јирген Клоп по шест изгубени финалиња се радува на трофеј, Ливерпул со контроверзен пенал стигна до триумф во Лигата на шампионите и го совлада Тотнем со 2-0.

Лига на Шампиони

По само дваесетина секунди игра на Ванда Метрополитано се случи спорна ситуација, топката го погоди Сисоко во рака а судијата покажа на белата точка и покрај тоа што фудбалерот на Тотнем немаше намера и топката го удри најпрво во гради па потоа во рака.

Мохамед Салах ја искористи најстрогата казна и донесе водство од 1-0 за „црвените“. Веројатно сите очекуваа раниот гол да донесе отворен фудбал и атрактивна пресметка, но двата тима потфрлија во продолжението.

Шансите беа малку, Алисон и Лорис немаа многу работа. „Спарси“ дури во 80. минута на тест го ставија Бразилецот со два шута, најпрво од далечина распали Сон а потоа и Лукас, кој лошо ја закачи топката и биеше по земја и по средината од голот.

Ериксен се обиде да го изненади Алисон од слободен удар од косо, но голманто повторно беше на висината на задачата.

Мечот сепак беше решен предвреме, со гол на Ориги, кој оваа сезона постигна неколку клучни погодоци. По еден корнер, Тотнем лошо расчисти, а напаѓачот прецизно биеше по земја за 2-0.