24фудбал

Нејмар го снајде судбината на Роналдо, Бразилецот обвинет дека силувал девојка во Париз

Девојка поднесе пријава против Нејмар и го обвини фудбалерот дека ја силувал, инцидентот се случил на 15. мај во хотел во Париз.

Франција

Нејмар го снајде судината на Кристијано Роналдо, фудбалерот на ПСЖ е обвинет дека силувал девојка.

Пријавата е поднесена во полициска станица во Сао Пауло, девојката вели дека се запознала со напаѓачот на социјалните мрежи, каде размениле пораки. Потоа пријател на Нејмар и купил авионски карти, резервирал соба во хотел во Париз и организирал за таа да отпатува во Франција и да се сретне со играчот на „светците“.

Според пишувањата на медиумите кои го објавија целиот случај, Нејмар дошол пијан во хотелот, по краток разговор почнал да се однесува агресивно и имал секс со девојката без нејзина согласност.

Таа се вратила во Бразил на 17. мај, била вознемирана од тоа што се случило и исплашена па инцидентот го пријавила во полиција дури во петокот.