24фудбал

Нејмар ги објави сите пораки кои си ги праќал со девојката, дури и нејзините интимни фотки и видеа (ФОТО и ВИДЕО)

Нејмар ги демантираше обвинувањата дека силувал девојка во Париз, фудбалерот на ПСЖ за да ги отфрли сомнежите ги објави сите пораки кои си ги испаќал со девојката, дури и интимните фотки и видеа.

Франција

Во петокот во полициска станица во Сао Пауло била поднесена пријава против Нејмар, девојка го обвинила фудбалерот на ПСЖ дека ја силувал во Париз на 15. мај.

Прв реагираше таткото на Нејмар, кој порача дека девојката и неговиот син имале согласен секс, но сега таа презентира лажни докази и луѓе блиску до неа се обидуваат да изнудат пари од фудбалерот.

Потоа се огласи и самиот Нејмар, кој ги негираше обвинувањата. За да ги отфрли сомнежите, Бразилецот ги објави сите пораки кои си ги праќал со девојката, дури и нејзините интимни фотки и видеа.