24фудбал

„Уплаќај братe, Валенсија ќе победи и во прво и во второ“ – Шпанија се тресе, дуелот Ваљадолид-Валенсија е наместен!

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека има силни идикации за голема местенка на натпреварот помеѓу Ваљадолид и Валенсија, постојат снимки на кои се вели дека дури седум играчи биле купени.

Шпанија

Минатиот месец, во Шпанија беа уапсени неколку лица за местење натпревари, тогаш во фокусот беше натпреварот Уеска-Настик од минатата сезона во втората лига.

Раул Браво, Карлос Аранда и Борха Фернандез, кои беа помеѓу приведените, се пуштени на слобода со кауција, но се чини дека скандалот е многу подлабок. Ел Мундо објави дека има прислушкувани разговори во кои се вели дека дури седум играчи биле купени.

„Седум играчи се купени“ – му кажува Карлос Аранда на друго лице по телфон. „Вложи 10.000 евра и ќе добиеш 20.000 евра“.

Весникот пренесува дека Раул Браво се сретнал со Борха Фернандез (кој лани настапуваше за Ваљадолид) во Ваљадолид, а има и докази дека група играчи се сретнале во домот на крилниот фудбалер на Ваљадолид, Кеко Готан.

Во друг разговор, Аранда на пријател му вели: „Уплаќај брате, Валенсија ќе победи и во прво и во второ полувреме, разбираш? Нема само да победи на крајот, туку ќе победи и во прво полувреме. Ќе постигне гол во двете полувремиња, ќе победи и во прво и во второ... Знаеш како одат овие работи, никој не смее да дознае. Никој значи никој, ниту твоите пријатели, ниту некој друг.

Во последното коло од Ла Лига, Ваљадолид ја пречека Валенсија. Домаќините немаа за што да играат откако претходно го обезбедија опстанокот а гостите мораа да победат за да настапат во Лига на Шампиони.

Валенсија поведе со голот на Солер во 36. минута, а Родриго ги осигура трите бода на стартот од вториот дел. Токму како што Аранда објаснуваше, дека популарните „лос че“ ќе победат и во прво и во второ полувреме.