24фудбал

Перез си има мака со Марина, Челси одбил две понуди за Еден Азар... можеби третата ќе биде среќна

Медиумите од Белгија пренесуваат дека „сините“ веќе одбиле две понуди за Еден Азар од кои едната била вредна 100 милиони евра, но можеби третата ќе биде среќна за „кралевите“

Шпанија

Реал Мадрид денеска го потврди ангажманот на Лука Јовиќ, но се уште нема абер за првата желба на Зинедин Зидан, односно Еден Азар.

Како што пишува белгискиот весник ХЛН, Марина Грановскаја игнорирала два предлога на „кралевите“. Во април, директорката на Челси одбила 100 милиони евра за услугите на Еден Азар.

Сепак, третата понуда може да биде среќна. Флорентино Перез во Лондон го испрати генералниот извршен директор, Хосе Анхел Санчез кој од вчера започна нова рунда преговори со неговата колешка Марина Грановскаја.

Се говори дека тој на маса ќе стави предлог од 120 милиони евра и се верува дека оваа сума ќе ги приближи двата клуба. Дали ова ќе биде доволно за клубот од Стемфорд Бриџ да даде зелено светло останува да видиме. Еден Азар има само уште една година од договорот но и покрај тоа Челси и Марина не прават никакви остапки.