24фудбал

Бекам го посакува Суарез во Интер Мајами

Уругваецот е значајна фигура во редовите на каталонскиот гигант, но, од друга страна пак од поодамна е познато дека Барселона е во потрага по идеален наследник на напаѓачот за во иднина.

Останато

Според информациите кои пристигнуваат, се вели дека Дејвид Бекам силно посакува да го засили неговиот тим Интер Мајами со ѕвездата на Барселона, Луис Суарез.

Американскиот клуб е во сопственост на Англичанецот, а својата прва сезона во МЛС шампионатот ќе ја игра идната година.

Како што извести „Еспорт3“, Бекам освен Суарез, на списокот на желби има и други звучни имиња кои сака да ги доведе во својот клуб и да ги приклучи во неговиот нов проект.

31 годишниот Суарез има важечки договор со Барселона до 2021. година, од поодамна е познато дека Каталонците се во потрага по идеален наследник на Уругваецот во нападот на екипата од Камп Ноу.