24фудбал

Фановите на Јуве во исчекување на голема вест откако приватен авион слета во Торино (ФОТО)

Две големи тренерски имиња се наведуваат како најсериозни кандидати за клупата на италијанскиот првак по заминувањето на Масимилијано Алегри, во Торино очекуваат голема вест по една објава на социјалните мрежи од страна на доверлива личност кај Старата дама.

Италија

Едно видео стана хит на социјалните мрежи, посебно за навивачите на Јувентус, а на истото се гледа како еден приватен авион слетува на аеродромот во Торино.

Веста не би била нешто посебно, доколку изворот на видеото не дојде од Томасо Агоста, доверлива личност на Јувентус, како и пилот, кој на социјалните мрежи објави видео од приватниот авион на аеродромот во Торино, а неговиот коментар беше Тука e.

Обично, приватните авиони слетуваат на аеродромот во Торино во случаи кога станува за висок профил на личност, како фудбалер или тренер кои доаѓаат во градот, така „Калчомеркато“ додаде дека навивачите на Јувентус сега се прашуваат дали е тоа пристигнувањето на Маурицио Сари или евентуално Пеп Гвардиола на преговори со италијанскиот првак, а можеби и нешто повеќе од тоа.