24фудбал

Шок за ПСЖ, Мбапе бара да биде ставен на трансфер листа?

Дали младиот француски напаѓач посакува да игра под кормилото на неговиот сонародник Зидан е моментно главното прашање што се поставува околу неговата иднина, особено по веста дека наводно побарал да биде ставен на трансфер листа во ПСЖ.

Шпанија

За 20 годишниот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе често се шпекулира околу неговата иднина, самиот француски репрезентативец дополнително ги подгреа истите откако во една прилика дури и самиот призна дека неговата иднина би можела да биде и на друго место, а не во француската престолнина.

Шпанскиот ТВ канал „Ел Чиринкито“ објави дека младиот Французин побарал од својот клуб да биде ставен на трансфер листата, а тој негов потег секако дека медиумите го гледаат како барање да си замине од редовите на францускиот првак.

Познато е дека Зинедин Зидан прави реконструкција во тимот на Реал Мадрид за идната сезона, веќе го ангажираше Лука Јовиќ, а на пат е воедно и Ферлан Менди, Килијан Мбапе и Нејмар од ПСЖ постојано се наведуваат како главни имиња на листата на желбите на Кралевите, меѓутоа се уште не е познато колку сето тоа е можно да се случи.

Говорејќи за својата иднина за време на доделувањето на наградата за фудбалер на годината во Лига 1, Мбапе рече: Ова е доста важен момент за мене, дојдов до една значителна точка во мојата кариера, собрав големо искуство тука, чувствувам дека ова е моментот да преземам многу поголема одговорност“, изјава која крена голема прашина.