24фудбал

Повлечена тужбата за Роналдо за силување, дали ЦР7 повторно ја искешира Мајорга?!

Според пишувањата на Блумберг, тужбата за силување која ја доби Кристијано Роналдо била повлечена без многу галама уште минатиот месец, не е јасно само дали двете страни се договориле вонсудски.

Италија

ЦР7 минатото лето не беше во центарот на вниманието само поради неговиот рекорден трансфер во Јувентус. Неколку месеци по преселбата во Торино беше обвинет дека во 2009 силувал девојка во Лас Вегас.

Вакви вести кружеа неколку години откако „Фудбал ликс“ објави документи преку кои се гледа дека Кристијано Роналдо на девојка од САД и платил 375.000 долари за да молчи.

Катрин Мајорга во септември 2018 за прв пат излезе во јавност и проговори што точно се случило таа ноќ. Подоцна достави и тужба а полицијата од Лас Вегас повторно ја отвори истрагата. Потоа беше издаден и налог за ДНК тест, кој никогаш не стигна на адреса на Португалецот поради правните лавиринти.

Поради овој скандал, Јувентус мораше да ги промени плановите за летната турнеа и наместо да настапи во Северна Америка, своите мечеви од на Интернационалниот куп на Шампиони ќе ги игра во Азија за да избегне немили сцени и Кристијано Роналдо да биде уапсен кога ќе стапне на територија на САД.

Но последните извештаи велат дека ЦР7 повеќе ќе нема вакви главоболки и проблеми, Блумберг вели дека тужбата е повлечена и барањето без многу галама било доставено до судот во Невада уште пред еден месец.

Во овој момент не е јасно дали двете страни се договориле вонсудски и дали Кристијано Роналдо по втор пат ја искеширал Катрин Мајорга.