24фудбал

Баерн пропушти да заработи десетици милиони и ја исполни желбата на играчот, на Реал им го врати Хамес Родригез

„Баварците“ соопштија дека Хамес Родригез се враќа на Сантијаго Бернабеу, шампионот на Германија нема да ја искористи опцијата и да го купи играчот за 42 милиони евра.

Германија

Колумбиецот во 2017 пристигна на Алианц Арена на двегодишна позајмица а Баерн Минхен доби и опција во целост да го купи играчот. Сепак, авантурата на Хамес Родригез во Бундеслигата не се одвиваше според планот, оваа сезона тој имаше големи недоразбирања со тренерот Нико Ковач.

Самиот играч побара од управата да не му биде продолжен престојот па Баерн Минхен попладнево соопшти дека плејмејкерот се враќа во Реал Мадрид.

Со ваков потег, „баварците“ пропуштаат да заработат десетици милиони евра. За услугите на Хамес Родригез неколку клубови пројавуваат интерес и сигурно ќе можеа да го продадат за повеќе од 42 милиони евра, колку што требаше да му платат на Реал за активирање на клаузулата.

Во изминативе две години, сумите кои се плаќаат за засилувања лудо скокнаа откако Нејмар направи рекорден трансфер во ПСЖ за 222 милиони евра.