24фудбал

Фановите на Арсенал во паника по тоа што го стори Обамејанг на социјалните мрежи (ФОТО)

Загриженост во Арсенал, освен Обамејанг, силни се верувањата дека клубот ова лето би го напуштил и неговиот партнер во нападот, Александре Лаказет, за кого се шпекулира дека голем интерес пријавува Барселона, а Каталонците наводно нема да се штедат во своите намери да стигнат до неговиот потпис.

Англија

Фановите на Арсенал стравуваат од најлошото откако главната ѕвезда на Премиерлигашот од Лондон, Пјер-Емерик Обамејанг ја отстрани својата профилна фотографија на „Инстаграм“ како и својата биографија, а сево ова се случува во екот на големите шпекулации кои го селат Габонецот во Кина, по големиот интерес од таму.

29 годишниот напаѓач изминатата сезона ја подели престижната награда „Златна копачка“ во Премиерлигата заедно со Мохамед Салах и Садио Мане, беше главна фигура во составот на Унаи Емери кои стигна и до финалето во Лига Европа, но, беше поразен од Челси.

Шпекулациите велат дека Обамејанг добил огромни понуди од кинески суперлигаши, меѓу кои се издвојува Гвангжу Евергранде и Шангај, кои наводно му нудат неделна плата од 300,000 фунти на напаѓачот, а ова лето Топчиите би можеле да останат без својот најдобар фудбалер во составот.

Огромната разлика во платата (моментално во Арсенал заработува 190,000 фунти неделно) секако го вклучи алармот во тимот од Лондон кој сигурно ќе има голема празнина доколку се остварат најавите за неговото заминување.

Дека нешто се „крчка“ можеби навестува и последната активност на Габонецот на социјалните мрежи, како на пример потегот на „Инстаграм“, каде тој ја отстрани профилната фотографија на која беше во дрес на Арсенал, а неговата биографија е сега празна.