24фудбал

Марка пишува за „операцијата Јовиќ“: Барселона, првата средба и преговорите

Србинот стана член на мадридски Реал, откако шпанскиот гигант се договори со Ајнтрахт Франкфурт, Бундеслигашот одигра најпаметно откако најпрво го огкупи неговиот договор од Бенфика за само седум милиони евра, а потоа доби нешто помалку од десет пати во однос на таа сума.

Шпанија

Лука Јовиќ и официјално веќе е член на мадридски Реал по неколку месечни преговори, шпанскиот гигант го потврди трансферот на српскиот напаѓач пред само два дена, а имаше голема конкуренција за потписот на еден од најбараните напаѓачи во фудбалска Европа.

Неговото пристигнување на Сантијаго Бернабеу  не беше гарантирано, но во Мадрид ја добиле битката за Јовиќ поради пет клучни фактори кои силно влијаеле во преговорите, пишува „Марка“.

Барселона била водечка во преговорите за Јовиќ

„Како што имаше доминација во Ла Лига, Барселона беше водечка и во преговорите за напаѓачот, дури и редовно праќаше скаути на натпреварите на Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа, посебно се издвојува мечот со Интер, а токму во тој момент мадридски Реал го зголемил темпото во преговорите, Јовиќ бил приоритет за Каталонците и Ернесто Валверде, но, од тогаш па натаму работите се промениле“ пишува весникот.

Понудата и првата средба

„Јовиќ беше на трансфер пазарот доста актуелен и оние клубови кои беа заинтересирани за него почнаа со активност на тоа поле, но, никој толку ефективно како Реал Мадрид“ додава „Марка“ дополнувајќи за тоа дека објави за првата средба помеѓу генералниот директор на Кралевите, Хосе Анхел Санчез и Фали Рамадани, агентот на фудбалерот.

Клучот бил во Лисабон

„Како што растеше цената, Барселона полека се откажуваше од трката, веќе во средината на април тие беа вон таа трка. Ајнтрахт потоа играше против Бенфика во четвртфиналето од Лига Европа а Мадрид таму имаше свои претставници. Германците потврдија дека ќе ја активираат опцијата за да го откупат неговиот договор од Бенфика, а тоа значеше и дека дефинитивно Јовиќ ќе се пресели во шпанската престолнина“

Долгорочна опција

„Јовиќ знаеше дека од Мадрид тропаат на неговата врата, а тој јасно посочи дека сака да се приклучи на таа екипа, знаеше дека нема да биде периодично стартер а го има Карим Бензема како конкуренција, но, на 21 година тој е среќен да се бори за место во таа екипа, но, истовремено е свесен дека тој не е краткорочно решение, туку фудбалер кого клубот заинтересиран сака да го има за шест или повеќе години во составот“

Преговорите и договорот со Ајнтрахт

„Бундеслигашот не сакаше да го пушти да си замине Србинот за помалку од 70 милиони евра, но, Реал Мадрид преговорите ги стартуваа со 50 милиони евра, практично, договорот падна и беше потврден со трансфер вреден 60 милиони евра, а дополнително и одредени бонуси со договор на Србинот до 2025. година“ заклучува „Марка“.