24фудбал

Буфон се разделува со ПСЖ

Легендарниот италијански голман вели дека францускиот првак му понудил нов договор, но, негов приоритет е да си замине по нов предизвик во својата кариера по една година мината во француската престолнина.

Франција

Џанлуиџи Буфон ќе си замине од ПСЖ ова лето кога неговиот договор ќе истече, оваа вест е веќе официјална и потврдена од обете страни, откако Италијанецот мина само една година во дресот на францускиот првак каде направи трансфер како слободен играч на трансфер пазарот од Јувентус.

41 годишниот Италијанец имаше 25 настапи во сите конкуренции за тимот предводен од Томас Тухел кој ја освои титулата во Лига 1, но, беа поразени во финалето од Купот на Франција од Рен, а имаа и рана елиминација во нокаут фазата од Лигата на шампионите од Манчестер јунајтед.

По дискусиите кои ги имавме, ПСЖ и Буфон се договорија да не дојде до продолжување на соработката која со договорот на легендарниот голман истекува на 30 јуни годинава“ се вели во соопштението на официјалниот клупски сајт, а самиот Буфон потврди дека клубот му понудил нов договор, а тој го одбил истиот.

ПСЖ ми понуди нов договор, меѓутоа имав чувство дека не треба да го прифатам, понесен од желбата да се подготвам за ново искуство и нови професионални предизвици“ посочи Буфон.