24фудбал

Лион демантира дека се договорил со Реал Мадрид за трансфер на Менди (ФОТО)

Од францускиот прволигаш јасно посочија дека нема никаков договор со Кралевите околу долго најавуваниот трансфер на бекот за кого одредени медиуми пренесоа дека во прашање се часови кога ќе се реализира истиот.

Франција

Лион со официјално соопштение се обрати до јавноста во врска со пишувањата на одредени медиуми кои веќе го облекоа Ферлан Менди во дресот на Реал Мадрид, претежно тоа го сторија шпанските медиуми.

Во текот на вчерашниот ден „Марка“ објави дека дефанзивецот ќе оди на лекарски прегледи во пресрет на трансферот вреден 50 милиони евра, ден претходно пак, „Мундо Депортиво“ тврдеше дека договорот е близу до реализација, а најновите информации говорат дека сите услови се договорени помеѓу обата клуба.

Сепак, од Лион категорично ги отфрлија шпекулациите дека имаат постигнато договор со Реал Мадрид за трансфер на 23 годишниот бек Менди, кој освен со Кралевите, се поврзуваше и со Барселона и ПСЖ.

Олимпик Лион демантира дека има постигнато договор за можен трансфер на дефанзивецот Ферлан Менди, ова се однесува на тоа што беше објавено во одредени медиуми“ стои во соопштението на францускиот клуб.