24фудбал

Роналдо во својот прв меч од Лигата на нации постигна три гола и ја однесе Португалија во финале (ВИДЕО)

Португалија ќе се бори за трофејот од Лигата на нации откако вечерва во првото полуфинале триумфираше со 3-1 над Швајцарија, Кристијано Роналдо се прослави со хет-трик.

Останато

ЦР7 не настапи за Португалија во мечевите од групната фаза од Лигата на нации, па дуелот против Швајцарија беше негов прв во ова ново натпреварување.

Кристијано Роналдо вечерва уште еднаш блесна и со три гола и ја однесе Португалија во финале. Тој го отвори резултатот со прекрасен гол од слободен удар во 25. минута, но гостите изедначија преку Родригез во 57. минута од пенал.

Сепак, два доцни погодока на фудбалерот на Јувентус донесоа победа од 3-1. Роналдо најпрво во 88. минута силно биеше на првата статива за 2-1, а потоа во 90. минута одлично се снајде по една контра и погоди за 3-1.