24фудбал

„Јас сум од Ливерпул, ве победија!“ – Меси открива каков трол е неговиот тригодишен син Матео!

Лео Меси откри дека неговиот тригодишен син обожава да провоцира, кога дома играат фудбал, малиот Матео вели дека тој е Ливерпул или Валенсија, а се радува и на голови на Реал Мадрид.

Шпанија

Средниот син на Лео Меси е голем палавко. Фудбалерот на Барселона во разговор со ТиК Спортс открива како малиот Матео е вистински трол и обожава да го иритира својот постар брат Тиаго, а и самиот Лео.

„Тиаго не пропушта меч на Барселона, но кога неговиот помал брат почна да го интересира фудбалот настанаа проблеми дома. Матео постојано наоѓа начин да направи расправија“ – вели напаѓачот.

„Си игравме фудбал дома и тој ми вели, „Ти си Барса, јас ќе бидам Ливерпул, зошто ве победија!“. После истото го направи и со Валенсија. „Валенсија ве победи, а? Јас сум фан на Валенсија“. Кога гледаат фудбал со Тиаго на ТВ, слави и се радува кога Реал Мадрид ќе постигне гол само за да го вознемири брат му. Се однесува како да е фан на Реал!“