24фудбал

Роналдо со брутален дриблинг го понижи противникот, играчот на Швајцарија не знаеше каде е топката (ВИДЕО)

ЦР7 неодамна изјава дека како старее имаа се помалку желба да дрибла, но против Швајцарија покажа дека и на 34 години знае да си поигра со противниците.

Останато

Кристијано Роналдо синоќа го имаше првиот меч во Лигата на нации и веднаш остави белег во новото натпреварување. По речиси една година постигна гол од слободен удар и на прекрасен начин ја затресе мрежата на Швајцарија. Потоа во финишот од мечот постигна два брзи гола за хет-трик и пласман на Португалија во финалето.

Фудбалерот на Јувентус исто така имаше и еден потег со кој стана хит на социјалните мрежи. Со брутален дриблинг го понижи противникот, дефанзивецот на Швајцарија не знаеше каде е топката.