24фудбал

Објавено ново видео, Нејмар доби шлаканица а девојката нога во главата (ВИДЕО)

Продолжува битка преку медиумите помеѓу Нејмар и девојката која го обвини фудбалерот дека ја силувал, се појави видео од хотелска соба во која доаѓа до расправија помеѓу двајцата.

Јужна Америка

Нови докази од процесот кој се води против Нејмар и обвинувањата од моделот Нажила Триндаде Мендеш дека била силувана, стигнаа до медиумите.ТВ Рекорд објави снимка на која се гледа расправија помеѓу фудбалерот на ПСЖ и девојката за која се претпоставува дека се случила ден по сексуалниот однос кој го имале, за кој девојката тврди дека бил без нејзина согласност.

Нејмар лежи на кревет, девојката е врз него (двајцата се облечени) но по неколку секунди, таа станува и почнува да го удари фудбалерот и фрли нешто кон него. Нејмар ги крева нозете во обид да се одбрани и ја удира девојката во глава и почнува расправија.

„Знаеш зошто те удирам? Знаеш ли зошто? – вели девојката, а Нејмар одговара, „Не знам“.

„Бидејќи вчера ти ме нападна мене и ме остави тука сама“ - додава девојката.