24фудбал

На сите стадиони ќе се покажуваат снимки од ВАР, само на Олд Трафорд и Енфилд ќе се соопштуваат на разглас!

Премиерлигата се реши за еден новитет кога е во прашање ВАР системот, сите снимки кои покажуваат зошто одлуката е донесена ќе се прикажат на големите екрани на стадионите.

Англија

Најголемите првенства од Европа веќе го користат ВАР системот, но Премиерлигата дури од следната сезона на помош ќе ја има видео технологијата.

Сепак клубовите од Англија ќе воведат еден новитет, видео од спорните моменти ќе биде објавено на големите екрани на стадионите за навивачите, а и самите фудбалери, да можат да видат зошто е донесена или преиначена некоја одлука. Видео клиповите исто така ќе бидат достапни и на мобилна апликација.

Но ова преставува проблем за два клуба и тоа најголемите, Ливерпул и Манчестер јунајтед, бидејќи на Енфилд и Олд Трафорд нема големи екрани.

Премиерлигата сепак има решение и за овој случај, одлуките ќе бидат соопштувани на разглас или пак преку пораки на семафорот кој го покажува резултатот.