24фудбал

Ангеловски: Дали имам лек за Левандовски? Јас не сум доктор ниту пак тој е болен!

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски на интересен начин одговори на прашањето дали има план како да го сопре Роберт Левандовски, од кого утре треба да дојде најголемата опасност.

Македонија

Утре Македонија ја пречекува Полска во третото коло од квалификациите за ЕВРО 2020. Во редовите на противникот има голем број на квалитетни имиња, а секако, најзвучно е името на Роберт Левандовски.

Па Игор Ангеловски беше запрашан дали има лек за голгетерот на Баерн Минхен, а селекторот на Македонија даде интересен одговор.

„Колку што јас знам, Левановски не е болен. Исто така, јас не сум доктор и не препишувам лекови. Играме против репрезентацијата на Полска а не против еден играч“ – вели предводникот на „црвено-жолтите“. „Со тимска игра се справуваме со секој противник, па така ќе биде и утревечер“.

„Тоа што сме домаќини на силна репрезентација како Полска ни два дополнителна мотивација. Оние кои ме познаваат, знаат каква е мојата филозовија па и сега ќе играме агресивно и офанзивно. Одиме да се избориме за позитивен резултат. Убеден сум дека моите играчи ќе го остават срцето на терен“.

„Овие фудбалери покажаа дека се спремни да гинат за Македонија, а тоа најдобро го покажаа повредените, кои направија сè што можат за да се вратат и да играат на овие натпревари. Тоа покажува какви личности имаме во тимот, и тоа може само да ме радува“.