24фудбал

У21: Македонија со минимална победа над Финска

Младата фудбалска репрезентација за играчи до 21 година дојде до првиот триумф во последните пет меча во сите конкуренции откако славеше минимално во контролката против соодветната селекција на Финска.

Македонија

Избраниците на Благоја Милевски триумфираа во контролната пресметка со Финска која се одигра во Трнава, Словачка, и тоа минимално со 1-0, а погодокот за победа беше постигнат уште во раната фаза од мечот.

Ване Јованов уште во 4. минута го постигна голот со кој и заврши натпреварот, нашите надежи имаа шанси за дуплирање на водството во првиот дел, но истите не ги искористија, а во второто полувреме исто така имаа иницијатива со која на крајот само го задржаа посакуваното водство за победа.

20 годишниот репрезентативец од средниот ред, Димитар Митровски, кој инаку настапува за Спортинг Лисабон (У23) по мечот, за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија издвои дека победата е заслужена а целиот состав одиграл одличен натпревар.

Ќе додадеме дека денеска контролен меч одигра и нашата фудбалска ререзентација за играчи до 19 години, таа пак триумфираше над Црна Гора со 2-0, а на полувремето на мечот во Скопје резултатот беше 1-0 во наша полза, стрелци на погодоците беа Таири и Тошевски.


Фото-вест: Huuhkajat (Twitter)