24фудбал

Нејмар во инвалидска количка дојде на распит во полиција, па излезе со прва изјава пред медиумите (ВИДЕО)

Нејмар беше на распит во полициска станица, фудбалерот на ПСЖ давал исказ како дел од истрагата која се води против него по обвинувањата дека силувал девојка во Париз.

Јужна Америка

Репрезентативецот на „кариоките“ е во центарот на вниманието откако девојка го обвини дека ја силувал во Париз. Самиот играч во обид да се одбрани, ги објави сите разговори кои ги имал со моделот Наџила Триндаде, како и интимните фотографии и видеа кои таа му ги испраќала.

Со ваквиот потег тој си направи дополнителни проблеми, прекрши неколку закони, па денеска даде изјава. Нејмар влезе во полициската станица во Рио во инвалидска количка откако заработи нова сериозна повреда на проблематичниот скочен зглоб на десната нога.

Откако даде исказ за компјутерскиот криминал кој го сторил, напаѓачот ја напушти полициската станица на штаки а излезе и со прва изјава пред медиумите, кои во голем број го чекаа надвор.

„Ја цена поддршкаа и сите пораки кои ги примив од целиот свет, моите пријатели, моите фанови. Сакам да ви се заблагодарам за убавите желби, и да ви кажам дека ја почувствував вашата љубов“ – истакна Нејмар.