24фудбал

Против Полска, но и против традицијата

Вечерва најсилната фудбалска репрезентација на Македонија ќе го одигра својот четврти меѓусебен дуел со Полска, во кој ќе се обиде да стигне до првата победа во дуелите против таа репрезентација.

Македонија

Вечерва со почеток од 20,45 часот избраниците на Игор Ангеловски на домашен терен на Националната арена „Тодор Проески“ го играат мечот од третото коло во европските квалификации против Полска во рамките на групата „Г“.

Во досегашните три меѓусебни дуели со Полјаците, нашиот состав нема ниту една победа, Полска има две победи, а еден меч заврши нерешено, вечерва ќе имаме убава можност да ја урнеме таа традиција на гостите.

Полска важи за голем фаворит, тоа го потврдија и букмејкерите со коефициентите кои ги поставија за оваа пресметка во Скопје, а за нашиот селектор не е важно против кој ривал игра нашиот национален состав, туку причината за што игра, вети голема борба на теренот и изнесе надеж дека на крајот Македонија ќе се радува.

Само со тимска игра се справуваме со секој противник, така ќе биде и сега, воопшто не е важно против кој ривал играме, туку за што играме, убеден сум дека тие кои ќе излезат на теренот ќе го дадат последниот атом од својата енергија и ќе се радуваме“ рече селекторот Игор Ангеловски на вчерашната пресконференција во пресрет на мечот.

Нашиот национален тим во првото коло славеше против Летонија со 3-1 на домашен терен, а во второто пак на гости ремизираше кај Словенија со 1-1, стартот на квалификациите е мошне поволен, а победа против Полска која со две победи е лидер во групата, ќе значи голем чекор напред во амбициите кои нашиот состав, а не се за потценување.

Мечот во Скопје ќе го суди италијанскиот арбитар Џанлука Роки, ќе му помагаат неговите сонародници Карбоне и Аласио, четврти судија е Довери кој е исто така од Италија.


Фото-вест: ffm.mk (архива)